Запознајте ги нашите олимпијци на ЗОИ: Јана Атанасовска е македонски рекордер!

64
Фото: МОК

Македонија ќе има четворица претставници на Зимските Олимписки Игри кои ќе се одржат во Милано Кортина.

Во нордиско трчање ќе настапат Ана Цветановска – Спринт и Интервал старт 10 км, како и  Ставре Јада – Спринт и Интервал старт 10 км.

Во алпско скијање ќе настапи Јана Атанасовска – Слалом и Велеслалом, додека пак во машка конкуренција ќе биде  Мирко Лазарески – Слалом и Велеслалом.
Македонскиот Олимписки Комитет ја престави Јана – младата надеж која поставува нови стандарди во македонското скијање. Таа го држи рекордот за најдобар резултат досега за македонски скијач со освоени 30.56 ФИС точки.


Со злато на FIS Weinebene и три старта на Светскиот Куп, таа е подготвена за својот олимписки блесок.

Младата македонска скијачка надеж беше гостинка во „Женски Спортски Приказни“, интервјуто можете да го прочитате во продолжение.

ПретходноХрватскиот селектор ја исмева данската легенда која им предвиде потоп на Европското првенство
СледноАО: Карлито си закажа полуфинале со Зверев!