Фудбалерите на Башкими редат победи на контролите во Медулин каде се ја одработуваат најважната фаза од зимските подготовки во пресрет на стартот на пролетниот дел од тековната сезона.
Кумановци денеска беа подобри од Радник Бијелина, тим од елитната лига во БиХ и тоа со 2:1. Стрелци на головите за Башкими беа Алексовски во 56. и Маијамона во 69.минута. По првиот дел резултатот бепе 0:1 за тимот од БиХ.
Да потсетиме дека на првиот меч во Медулин (Хрватска), кумановци славеа со 3:0 против Рудар Плевља.















