Словенија против Хрватска во дербито на денот во Малме

163
Фото: Rokometna zveza Slovenije / Handball Federation of Slovenia

Четири селекции со ист број бодови, две кола пред крајот на главната фаза од натпреварувањето во Малме, гарантираат интересен и неизвесен расплет, а сè ќе започне со директниот дуел меѓу Словенија и Хрватска од 18 часот. Репрезентациите на Урош Зорман и Дагур Сигурдсон ќе се борат за бодови кои ќе ги остават во трката за пласман во полуфиналето, во конкуренција со домаќинот Шведска и Исланд.

Можните сценарија за расплет се повеќебројни круг од три селекции е прилично извесен, но јасно е дека поразениот од балканското дерби ќе остане без шанса да се пакува за Хернинг, каде што ќе се одлучува за шампионот на Стариот континент.

СЛОВЕНИЈА – ХРВАТСКА/ Меѓусебни дуели: 6-0-9

– Дерби со богата историја; во меѓусебните пресметки на ЕХФ ЕУРО, Словенија има две победи, а Хрватска три
– Двете селекции се сретнале во неколку големи натпревари, вклучувајќи два меча за медал на Светските првенства и полуфиналето на ЕХФ ЕУРО 2004, кое го доби Словенија
– И двата тима загубија од Шведска: Хрватска на крајот од прелиминарната рунда, а Словенија во првиот меч од главната рунда
– Победата над Унгарија во второто коло од главната рунда ѝ ги донесе на Словенија првите бодови во оваа фаза; Хрватска ја отвори главната рунда со тесна, но голема победа над Исланд (30:29), а потоа ја совлада и Швајцарија со 28:24

15:30. Швајцарија – Исланд

18:00. Словенија – Хрватска

20:30. Шведска – Унгарија

ПретходноАО: Карлито си закажа полуфинале со Зверев!
СледноПријателска: Башкими го “реши“ и Радник Бијелина!