Хрватскиот селектор ја исмева данската легенда која им предвиде потоп на Европското првенство

603

Додека Хрватите со многу самодоверба го очекуваат натпреварот со Словенија во вторник, ракометна Европа зборува за потегот на хрватскиот селектор Дагур Сигурдсон.

Исланѓанецот ги мотивираше своите ракометари на необичен начин. Тој залепи порака на ѕидот во соблекувалната која што на социјалните мрежи ја објави поранешниот дански репрезентативец Расмус Бојсен.

Данецот е познат по своите остри мислења, па во пресрет на првенството предвиде дека Хрватска ќе биде најголемото разочарување на првенството. Хрватскиот селектор сега го залепи неговото предвидување на ѕидот во соблекувалната, со цел дополнително да ги мотивира ракометарите.

Хрватска игра против Словенија денеска, додека против Унгарија два дена подоцна.

ПретходноИнфантино му одговори на Блатер кој порача: Избегнувајте го САД за време на Светското првенство
СледноЗапознајте ги нашите олимпијци на ЗОИ: Јана Атанасовска е македонски рекордер!