И дефинитивно убава и голема вест за сите во Шкендија, па и за фановите на овој клуб. Имено репрезентативецот Решат Рамадани најмалку до јуни останува во Шкендија и ќе го носи дресот на тетовци во следните месеци откако раководството на нашиот шампион успеа да се договоро со Динамо Киев за продолжување на позајмицата.
Така велат нашите информации. Секако дека со репрезентативецот во тимот и тоа како Шкендија ќе биде посилна напролет ако се знае токму Рамадани беше еден од најдобрите фудбалери на тетовскиот клуб во изминатите месеци за кого играше како позајмен играч на Динамо Киев.
Со Решат во тимот јасно е дека растат амбициите на Шкендија и за минување на 1/16 финалето во Лигата на Конференции против Самсунспор.















