Тами Абрахам и официјално се врати во англиската Премиер лига.
Астон Вила денеска на социјалните мрежи го потврди купувањето на напаѓачот, кој во последната полусезона го носеше дресот на турски Бешикташ..
Бешикташ објави дека добиле 21 милион евра за напаѓачот, кој своевремено кариерата ја почна токму од Премиер лигата.
Англичанецот играше во Турција шест месеци откако дојде од Рома. Тој постигна седум гола во 18 лигашки натпревари.










