„Дабл-дабл“ партија на Јакимовски, Тренто славеше во Еврокупот

106
фото: Dolomiti Energia Trento (X)

Извонредна партија на нашиот Андреј Јакимовски во дресот на Тренто и нова победа за неговиот тим во Еврокупот. Вечерва италијанскиот тим на домашен терен го совлада Бешикташ со 87-74 и ја прослави десеттата победа во групната фаза.

Јакимовски беше брилијантен постигнувајќи „дабл-дабл“ од 15 поени и 10 скока, на кои запиша и една асистенција. Нашиот репрезентативец беше трет стрелец во победничкиот тим.

За Јакимовски и Тренто оваа победа значи пласман на 4. место на табелата и шанса на две кола пред крајот да се обидат да ги нападнат и првите две позиции.

ПретходноНБА пазарот се „вжештува“: Јанис, Џа Морант, Јабуселе, Куминга… кој, каде?
СледноИ со помош на судиите: Унгарците не им дадоа на Швеѓаните да победат