Данска без Доргу против Македонија?!

265
ФОТО:facebook.com/manchesterunited/

Патрик Доргу, ѕвездата на Манчестер Јунајтед по се изгледа не да игра против Македонија на баражот во март за пласман на СП 2026. Имено информациите од Островот се дека Данецот е повреден и дека ќе биде надвор од терените околу десет недели.

Секако дека ова е лоша вест за репрезентацијата за Данска и неговиот Манчестер Јунајтед, но и добра за нашата селекција ако се знае дека тој е еден од најдобрите во таа селекција во изминатите две години.

Инаку Доргу блескаше на последните натпревари во дресот на Јунајтед откако на клупата дојде Мајкл Карик, постигна и фантастичен гол на големото дерби со Арсенал на „Емирејтс“ за 1:2 за Јунајтед, меч кој неговиот тим го доби со 2:3.

ПретходноШампионот го доби најголемото засилување: Решат Рамадани најмалку до јуни останува во Шкендија!
СледноПријателски: Силекс со реми во Анталија, Работнички поразен од Шкендија Арачиново!