Изненадување во Малме: Исланд одигра само реми со Швајцарија!

143
ФОТО:facebook.com/hsi.iceland

Изненадување во Малме на мечот меѓу Исланд и Швајцарија од групата 2 во главната рунда. Меч кој заврши без победник со резултат 38:38. Реми и бод кој никако не им одговара на Исланѓаните за пласман во полуфиналето, по се изгледа дека самите се елиминараа и бод на задоволство на Шведска, Хрватска и Словенија.

Интересно, на Швајцарците овој меч не им значеше ништо, тие одамна ги загубија сите шанси за пласман во полуфиналето, ама сепак одиграа храбро и одважно и одиграа за својата чест.

Исланд цело време, посебно во второто полувреме беше во негатива, сепак на крајот имаше напад за победа, но ракометарите на ова селекција лошо го изведоа тој напад и затоа останаа само со бод.

Да потсетиме дека Исланд има сега 5 бода, но и меч повеќе од Шведска, Хрватска и Словенија кои имаат по 4 бода пред одигрување на своите мечеви вечерва. Се чини дека сега Исланд треба да навива за Словенците да победат против Хрватска а тие утре во последното коло да слават победа против Словенија. Сепак сега Хрватите и тоа како се прашуваат.

Кога сме кај стрелците на овој меч во Малме, кај Швајцарија најефикасен беше Леополд со 7 голови, додека кај Исланд, Видарсон запиша осум погодоци.

ПретходноУжасна трагедија во Романија, во сообраќајна несреќа загинаа седум фанови на ПАОК!(ФОТО)
СледноШпанците се убедени дека ќе бидат домаќини на финалето на СП 2030