Шведска и Унгарија одигра без победник, 32:32, и ги оставија сите прашања за патниците во полуфиналето на Европското првенство отворени пред последното утрешно коло.
Еден од ко-домаќините на ова ЕП, иако на мечот со Унгарија влезе како апсолутен фаворит, на крајот не успеа да дојде до планираните бодови. Гледачите во Малме видоа израмнет меч во кој и двете селекции одиграа квалитетно во нападот, а на голот ги имаа извонредните голмани Паличка и Паласич, кои ги враќаа своите момци во игра при секој пад.
Она за што сите ќе зборуваат се судиите, кои имаа навистина чуден критериум, особено во финишот, кога им дадоа „крила“ на Швеѓаните за реми, откако не досудија пенал.
Клар со 10 гола беше најефикасен на мечот. Бенче и Роста постигнаа по 8 кај Унгарија.










