Тиквеш со победа во Анталија!

195
ФОТО:facebook.com/FCTikves1930Kavadarci

Тиквеш – Токтогул 1:0 е исходот од денешната пријателска средба одигра во Анталија. Стрелец за кавадарчани беше Сила во второто полувреме откако првиот дел заврши без победник.

Според извештаите од Анталија составот на стратегот Борче Христов против тимот од Киргистан, одиграл сосема добро, имал неколку шанси, реализирал една и заслужено дошол до победата.

Да споменеме дека ова за Тиквеш беше втора контрола од подготовките во Анталија, откако пред неколку дена македонскиот тим одигра без победник против Славија Софија со резултат 1:1.

ПретходноПомладиот Душебаев оди кај Шпанецот кој на Вардар му ја донесе втората титула во ЛШ
СледноВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА ЕДУЦИРА ЗА ОДГОВОРНО ИГРАЊЕ