Хрватска ја „реши“ Словенија и зачекори кон полуфиналето

164
фото: Hrvatski rukometni savez @HRS_CHF (X)

Ракометарите на Хрватска го добија големото соседско дерби со Словенија во рамките на третото коло од групата 2 во финалната фаза на Европското првенство со  и со тоа зачекорија кон полуфиналето на континенталниот собир. Хрватска денеска одигра подобар меч од Словенија, имаше речиси константна предност во текот на целиот меч и на крајот сосема заслужено се израдува на големата победа.

„Коцкестите“ водеа на полувреме со 14:11 покажувајќи далеку постабилна игра од Словенија, која имаше проблеми со реализацијата во нападот. Сепак, кон средината на вториот дел Словенија успеа да се доближи до водството на Хрватска, па во еден момент и да израмни и да влезе во егал-борба.

Сепак, клучна беше серијата од 3:0 која Хрватска ја направи при резултат 19:19 и стигна до водство 22:19, по што Словенија веќе не успеа да се врати во игра. Во послендите две минути Хрватите дојдоа и до убедлива предност од пет гола, по што победата беше неизбежна.

Лучин со 7 и Мандиќ со 6 гола беа најдобри реализатори кај Хрватска, додека кај Словенија, Макуц постигна 6, а исто толку имаше и Новак.

ПретходноБаерн Минхен ги почна преговорите со Хари Кејн за нов договор
СледноФилип Димовски одличен на велеслаломот во Словачка