АО: Карлито си закажа полуфинале со Зверев!

104
ФОТО:facebook.com/AustralianOpen

Како што и се очекуваше, Карлос Алкараз го доби и тоа убедливо четвртфиналниот двобој со Алекс Де Минор на АО во Мелбурн со 3:0 во сетови и со тоа си закажа полуфинале со Александер Зверев.

Шпанецот немаше некои поголеми проблеми со домашниот тенисер, освен во првиот сет кој го доби со 7:5 во гемови. Во вториот Карлито беше убедлив со 6:2 а во третиот и последен, беше 3:1. Овој меч траеше вкупно 2.20 часа.

Кај жените Украинката Елина Свитолина екпсресно, со 2:0 (6:1 и 6:2 во гемови) ја победи Коко Гоф во меч кој траеше неполн час или 59 минути. Со овој триумф во четвртфиналето Свитолина си закажа полуфинале со Арина Сабаленка.

ПретходноЗапознајте ги нашите олимпијци на ЗОИ: Јана Атанасовска е македонски рекордер!
СледноСловенија против Хрватска во дербито на денот во Малме