Зверев прв полуфиналист на Австралијан Опен

63

Третиот тенисер во светот, Александер Зверев, е првиот полуфиналист на Австралија опен. Германскиот тенисер во четвртфиналето го совлада Американецот Лернер Тиен, 29. на АТП-листата, со 3:1 во сетови, 6:3, 6:7(5), 6:1 и 7:6(3), а мечот траеше три часа и 13 минути.

Тиен во претходната рунда го елиминираше Данил Медведев, но против Зверев немаше сили за ново изненадување. Му пружи силен отпор, го освои вториот сет во тај-брејк, го однесе и четвртиот сет во тај-брејк, но тука беше крајот.

Германецот одигра одличен меч. Забележа 24 аса, имаше 72 проценти успешност на првиот сервис, ги спаси сите три брејк-топки на противникот и сосема заслужено се пласира понатаму.

Зверев, минатогодишен финалист во Мелбурн, за ново финале ќе се бори со подобриот од дуелот меѓу Шпанецот Карлос Алкараз и Австралиецот Алекс де Минор.

Младата американска тенисерка со српско потекло, Ива Јовиќ, не успеа да направи чудо и да ја победи Арина Сабаленка во четвртфиналето од женскиот дел на Австралија опен. Првата тенисерка во светот славеше со 2:0 во сетови, 6:3 и 6:0, а мечот траеше точно еден час и 30 минути.

Ривалка на Сабаленка во полуфиналето ќе биде победничката од дуелот меѓу Коко Гоф и Елина Свитолина.

ПретходноНова феноменална партија на Дончиќ, Лејкерс победнички против Булс (ВИДЕО)
СледноПСЖ го потпиша 18-годишниот фудбалер на Барселона