Откако не успеа да ги мине квалификациите за пласман на АО во Мелбурн, нашата најдобра тенисерка Лина Ѓорческа се врати во Европа и настапува на Челилџерот во Порто. А таму Македонката уште на стартот беше убедлива и славеше со 2:0 во сетови против Ралука Сербан од Кипар и со тоа се пласира во 1/8 финалето на овој турнир.
Во гемови беше 6:4 и 6:4, а самиот меч траеше еден час и 40 минути.
Турнирот во Порто (Португалија) е со награден фонд од 60.000 долари.










