Помладиот Душебаев оди кај Шпанецот кој на Вардар му ја донесе втората титула во ЛШ

83
Photo: Wikipedia Creative Commons CC0 1.0 Universal Public Domain Dedication. (cropped image)

И тоа како е интересно каде браќата Душебаеви, Алекс и Даниел ќе ја продолжат својата кариера откако објавија си заминуваат од Келце. Има многу шпекулации за нивната иднина. За Алекс секако дека интересот е поголем, се споменуваше Кил, но по се изгледа дека ќе заврши во Гумерзбах.

За помалиот од браќата, за Даниел се шпекулираше со Загреб и Динамо Букурешт, сепак најново е тоа што по се изгледа дека тој ќе се пресели во Мелсунген. Во тимот каде што е тренер Роберто Парондо. Да се потсетиме дека Парондо е тренерот кој на Вардар во таа 2019 година му ја донесе втората титула во Лигата на Шампионите.

ПретходноПријателски: Силекс со реми во Анталија, Работнички поразен од Шкендија Арачиново!
СледноТиквеш со победа во Анталија!