Пријателски: Силекс со реми во Анталија, Работнички поразен од Шкендија Арачиново!

140
ФОТО: ФК Силекс/FB

Во четвртиот пријателски меч во Анталија, Силекс конечно успеа да остане непоразен. Денеска четата на Александар Васоски на контролата со Кудривка, тим од Украина одиграа без победник со резултат 0:0.

Во Скопје, на стадионот во Аеродром, Работнички беше поразен од Шкендија Арачиново со 1:2. Ова беше дуел на прволигаш и второлигашо, а второлигашот беше поуспешен. Интересно е тоа што овие два тима на 25 февраури се среќаваат во 1/4 финалето во Купот на Македонија и тоа во Арачиново.Стрелец на голот за Работнички беше Мухарем од пенал во 15.минута, додека за победникот стрелци беа Жоглев и Ливарека.

Да кажеме дека по двете убедливи победи со Шкупи и со Охрид, Работнички денеска го доживеа првиот пораз под водство на стратегот Муарем Муарем во текот на овие зимски подготовки.

ПретходноДанска без Доргу против Македонија?!
СледноПомладиот Душебаев оди кај Шпанецот кој на Вардар му ја донесе втората титула во ЛШ