Рајковиќ ја оствари првата победа во главната фаза на ФИБА ЛШ

64
фото: TOFAŞ Spor Kulübü @TofasSporKulubu (X)

Тофаш предводен од нашиот Емил Рајковиќ го оствари првиот успех во главната фаза на ФИБА Лигата на шампионите, откако вечерва на гостувањето во Грција славеше над екипата на Кардицас со 79:93.

Тофаш во текот на целиот натпревар имаше предност, а домашните успеаја во завршницата да се приближат до водството на турскиот тим. Сепак, момците предводени до Рајковиќ успеаја да ја одбранат предноста за првата победа во групата.

Во следното 3. коло Тофаш повторно ќе игра со грчкиот тим, но овој пат на домашен терен.

ПретходноФилип Димовски одличен на велеслаломот во Словачка
СледноЕмотивна порака за крај на кариерата: Пјаниќ замина во пензија