Имаме ние судии за големи мечеви ама…

565

Во изминатиот период видовме бројни грешки на судиските парови кои ја делат правдата на Европските првенства. Имавме случај кога ЕХФ ја призна грешката за дуелот меѓу Германија и Португалија, а синоќа дојде нов контроверзен момент на дуелот меѓу Шведска и Унгарија.

Од целосен дебакл и втор последователен пораз Швеѓаните ги спаси германската судиска двојка Шулце–Тониес, која неколку секунди пред крајот, по прекршок во голманскиот простор врз Ване, наместо седмерец досуди прекршок во напад. Со таа одлука дури им овозможи на Швеѓаните шанса да стигнат и до победа, но ударот на Паличка преку целиот терен не заврши во мрежата.

Дискутабилни одлуки видовме и во групната фаза, меѓу нив беше и Македонија против Португалија, но селекторот Кирил Лазаров успеа да изврши притисок и да ги натера судиите да ја прегледаат снимката.

На едно вакво големо натпреварување секогаш се потребни судии со големо искуство, а како одминуваат деновите и се разгоруваат битките на Европското првенство, оваа теза добива на тежина.

За постетување пред стартот на шампионатот, ЕХФ ги тргна од листата македонските судии Ѓорѓи Начевски и Славе Николов, со објаснување дека се сомневаат во исправноста односно веродостојноста на фитнес-тестот.

Начевски и Николов не само што се најдобри судии во Македонија, тие се најдобри и во светски рамки.

Дали одлуката на ЕХФ е погрешна – сигурно, особено кога на располагање има македонска судиска двојка со големо искуство.

 

ПретходноХрватска е во пол-позиција, тешка битка во Хернинг!
СледноЃоковиќ е искрен: Жал ми е за него, веќе бев на пат кон дома…