За време на денешниот пријателски натпревар меѓу Шкендија и Сараево во Анталија, двајца поранешни македонски репрезентативци имаа срдечна средба.
Стефан Ристовски на социјалните мрежи објави фотографија со Бесарт Ибраими, кој како и Стефан подолг период беше дел од нашиот национален тим. Сега Ристовски во дресот на Сараево, а Бесарт како прва ѕвезда на Шкендија имаа можност да се сретнат на две спротивставени страни на фудбалскиот терен. Секако во духот на пријателството.















