Данска го чека Исланд во Хернинг, Хрватска ја доби Германија!

198

Комплетирани се полуфиналните двојки на Европското првенство. Данска ќе игра против Исланд, додека Германија против Хрватска, завршниот викенд е резервиран за „Јиске Банк Боксен“ Арената во Хернинг.

Утрешниот ден на ЕП е слободен, додека во петок ќе се одиграат двете полуфиналиња, како и битката за петтото место која ќе ја водат Португалија и Шведска (15 часот).

Данска не дозволи во мечот против Норвешка да биде изненадена, одигра уште еден неверојатен меч, славеше со убедливи 38-24 и заврши како првопласирана во групата 1. Многумина им забележаа на нашите момци зошто загубиле со 12 гола разлика од Данска, но после вечерва најверојатно им е кристално јасно што значи оваа селекција во светски рамки.

Во вториот меч кој се одигра во Малме, Шведска која остана без полуфинале, славеше убедливо против Швајцарија 21-34.

ПретходноЛШ ПОЛУВРЕМЕ: Наполи води за место во плеј-офот, Копенхаген ја шокира Барса (ВИДЕО)
СледноПретседателот на Рајо Ваљекано предупредува: Ако не се преместиме на друг стадион, Рајо ќе умре!