Иван Николов е нов играч на Радник Бјелина

144

Македонскиот интернационалец и поранешен капитен на младата репрезентација, Иван Николов и официјално зимава има нов клуб. Играчот за врска е нов член на тимот на Радник Бјелина во шампионатот на Босна, каде што потпишува верност до лето, со можност секако истата да биде надоградена подоцна.

Николов доаѓа во тимот на Радник од дански Сондерјуске, клуб кој што беше негово прво интернационално искуство.Тоа е клуб со екстра амбиции сезонава кои што атакуваат на Куп титулата во Босна, а и во шампионатот Радник не го има кажано последниот збор.

Иако имаше одлични периоди одиграни во овој клуб, сепак зимава Николов и покрај понудата да потпише нов договор со данците се реши да си замине од таму.
Според зборовите на нашиот интернационалец, Радник Бјелина во моментов е клуб кој што ќе му ја создаде добитната ситуација во моментов.

А тоа е место во тимот кое што ќе му овозможи полна минутажа, улога на еден од главните играчи, и секако враќање на старата препознатлива форма на некогашниот играч на Брегалница, Академија Пандев и Вардар што и му донесе интернационален трансфер.

ПретходноЕХФ прецизно го нацрта патот до полуфиналето во Хернинг
СледноМЗТ Скопје нема право на кикс во АБА2: Ова е меч кој мора да го добиеме!