Како германската судиска двојка се посрамоти: „По прегледот… ништо“ (ВИДЕО)

617

Шведска повеќе ја нема судбината во свои раце на Европското првенство што овој јануари се одржува во Малме.

Изгубениот бод во дуелот со Унгарија ја доведе селекцијата на селекторот Апелгрин на работ на елиминација. Дури ни победа против Швајцарија во последното коло повеќе не им гарантира пласман, бидејќи доколку Исланд ја совлада Словенија, а Хрватска ја победи Унгарија, „трите круни“ ќе останат без финалниот викенд во Хернинг.

Од целосен дебакл и втор последователен пораз Швеѓаните ги спаси германската судиска двојка Шулце–Тониес, која неколку секунди пред крајот, по прекршок во голманскиот простор врз Ване, наместо седмерец досуди прекршок во напад. Со таа одлука дури им овозможи на Швеѓаните шанса да стигнат и до победа, но ударот на Паличка преку целиот терен не заврши во мрежата.

Судиите не ја променија одлуката ниту по прегледот на видео-снимката, иако на сите им беше јасно…

ПретходноМареј трагичар, Пистонс извлекоа победа (ВИДЕО)
СледноРибакина и Пегула во полуфиналето