Детроит го мина Колорадо, во неизвесна завршница искусниот Тоби Харис ги сруши Нагетсите (107-109), кои водат на Истокот со пет победи пред Бостон. Со две слободни фрлања ветеранот стави точка на натпреварот, додека Кејд Канингем, по обичај, ги предводеше Пистонс со 22 поена и 11 асистенции.
На другата страна, Мареј запиша 24 поени и 10 асистенции, но беше трагичар – ги промаши слободните фрлања во самиот финиш и ја пропушти шансата мечот да го однесе во продолжение. Одличен беше и Валанчјунас со 16 поени и 16 скокови.
Освен Јокиќ, Браун и Кем Џонсон, во составот го немаше ниту Гордон, кој во петокот навечер во Милвоки ја обнови повредата.
Резултати:
Вашингтон – Портланд 115:111
Њујорк – Сакраменто 103:87
Оклахома – Њу Орлеанс 104:95
Филаделфија – Милвоки 139:122
Денвер – Детроит 107:109
Феникс – Бруклин 106:102
Јута – ЛА Клиперс 103:115










