Хрватите пресреќни, но и загрижени: „Мртви“ сме! Кој ќе плати за повредите?

681
Фото: ХРС Инста

Хрватска се пласираше во полуфиналето на Европското првенство откако по голема драма ја победи Унгарија со 27-26. „Коцкестите“ одат од првата позиција во Хернинг, а со кого ќе „војуваат“ за финале ќе биде познато вечера, после завршување на дуелот меѓу Данска и Норвешка.

Хрватите беа отпишани пред стартот, никој не им даваше шанса дека можат да се најдат на завршниот викенд во „Јиске Банк Боксен“ Арената.

Она на што се жалат сите во последните денови се заморот, лошиот рапоред и бројните повреди. И после пласманот во полуфиналето Хрватите го потворија истото.

„Уф, каков натпревар. Лош влез, голманите ништо не одбранија, ние лоши во одбраната. Нивните 7 на 6 нè умртвија, не знаевме како да реагираме. Беше густо, тренерот ни рече да бидеме заедно, дека ќе го добиеме ова, да веруваме во себе. Така и беше. Победивме, одиме кон финале.

Досега не размислувавме за противниците. Растеме од натпревар во натпревар, даваме сè од себе. Мртви сме – вчера игравме, денес игравме, утре патуваме во Хернинг четири часа. Каква е оваа организација, лудо. Треба малку да се запрашаат.

Се игра полуфинале. Еден или два полуфиналисти патуваат со автобус четири часа. Како да се регенерираш, не разбирам. Кој ќе ги плати повредите на нашите играчи на ова првенство? Никој. Но така е како што е, ќе се бориме, ќе дадеме сè од себе. Одиме по нови победи“, изјави Давид Мандиќ.

ПретходноМЗТ Скопје А. со три фуриозни четвртини за победа над Подгорица во АБА 2
Следно„Коцкестите“ организираат чартери за Хернинг за голема поддршка од трибините