Хрватска е во пол-позиција, тешка битка во Хернинг!

219

Денеска се играат последните мечеви од главната рунда на Европското првенство. На програмата се шест натпревари, а само една репрезентација го има заверено местото во полуфиналето – тоа е Данска.

Во центарот на вниманието е Хрватска, после победата против Словенија се најде на чекор до полуфиналето, а за таму ќе и биде потребен триумф против Унгарија, мечот е закажан со почеток во 18 часот. Ова е најсигурното сценариот за Хрватите, на сите останати сценарија ќе зависи од останатите репрезентации.

Во групата во Малме Исланд и Шведска имаат по пет бода, додека Хрватска 6. Исланд игра против Словенија (15:30 часот), додека пак Шведска игра во вечерен термин од 20:30 часот против Швајцарија.

Што се однесува до групата во Хернинг, во центарот на вниманието ќе биде мечот меѓу Германија и актуелниот бранител, Франција, победа за било која од овие две селекции ќе значи полуфинале, мечот е закажан во 18 часот.

Претходно Шпанија и Португалија ќе се сретнат во 15:30 часот, додека домаќинот Данска игра против Норвешка во 20:30 часот

ПретходноФудбалери на Тотенхем имале собраќајна несреќа пред мечот со Ајнтрахт
СледноИмаме ние судии за големи мечеви ама…