Ѓоковиќ губеше 2-0, Музети му предаде за полуфинале на Австралија Опен!

730
Фото: Австралијан Опен Х

Новак Ѓоковиќ се пласираше во полуфиналето на Австралија Опен, откако Музети го предаде мечот во третиот сет.

Српскиот тенисер можеби и беше на прагот на елиминација, во првите два сета губеше со 2-0 (6-4,6-3), но италијанскиот тенисер во третиот сет одлучи да го прекине, а потоа и да го предаде натпреварот. Ѓоковиќ токму во третиот сет имаше водство од 1-3.

 

НЕВЕРОЈАТЕН расплет во четвртфиналето на Австралијан опен. Лоренцо Муцети му предаде на Новак Ѓоковиќ иако ги освои првите два сета со 6:4 и 6:3. Италијанецот поведе со 1:0 и во третиот сет, но потоа почна да се држи за бутината и тешко се движеше. Ѓоковиќ го искористи тоа и направи пресврт на 3:1 во третиот сет. Муцети побара медицински тајм-аут, по што го предаде мечот.

Ѓоковиќ до четвртфиналето стигна без загубен сет, со напомена дека осминафиналето го мина без борба, откако Јакуб Меншик се откажа поради повреда. Во полуфиналето, српскиот тенисер ќе го чека победникот од дуелот меѓу Јаник Синер и Бен Шелтон.

Така, Ѓоковиќ на среќен начин го продолжи настапот на својот 21. Австралијан опен, турнир што го има освоено рекордни 10 пати. Воедно, тој е и рекордер по бројот на гренд слем титули – вкупно 24.

ПретходноАбрахам се врати во Англија, потпиша за Астон Вила
СледноЦиндриќ бесен: Кастатрофa! Не можам да поверувам дека ни го прават ова!