МЗТ Скопје нема право на кикс во АБА2: Ова е меч кој мора да го добиеме!

68
Фото: АБА2-лига

МЗТ Скопје денеска (18 часот) на домашен терен ја пречекува Подгорица во меч од седмото коло во АБА2-лига. Актуелниот македонски првак мора да го добие овој дуел доколку сака да остане во игра за место во четвртфиналето во ова натпреварување

„Ова е натпревар кој мора да го добиеме и со таа мисла напорно работиме изминатиов период. Победата во домашното првенство ни ја поткрена самодовербата и мислам дека со агресивна одбрана и организиран напад ќе може да дојдеме до целта. Играме дома, каде што имаме голема поддршка од трибините и верувам дека и овој пат со помош на верните навивачи ќе може да дојдеме до посакуваната цел“, вели Васко Атанасов, предводникот на МЗТ Скопје.

МЗТ Скопје се наоѓа на десетото место со скор од три победи и исто толку порази, има девет бода.

ПретходноИван Николов е нов играч на Радник Бјелина
СледноЛига на Шампиони осмо коло: Елиф и Наполи на дуел со Челзи, Арсенал го пречекува Каират, Баерн оди во Холандија кај ПСВ