Европа добива нов владател: Германија со лекција за Франција, Хрватска сензационално до полуфинале

258

Два нови меча се одиграа, и двата важни за пласман во полуфиналето на Европското првенство.

Европа ќе добие нов првак. Франција не успеа да се пласира во полуфиналето на ЕП, откако беше поразена од Германија во последниот меч од групната фаза со 38-34. Од која позиција ќе одат во битката за финале, Германците ќе дознаат вечерва после завршување на мечот меѓу Данска и Норвешка. Франција беше немоќна од стартот на мечот, не поведе ниту еднаш на мечот.

Хрватска е вториот патник од групата 2 во полуфиналето, откако ја совлада Унгарија со 27-25. Во Хернинг оди од првото место, а со кого ќе игра ќе биде допрва познато.

Победата и тоа како е голема бидејќи избраниците на Сигурдсон постојано беа во негатива, во 47-та минута го запишаа првото водство на мечот (21-20).

И двата тима се одлучија за „седум на шест“. Кузмановиќ одбрани важен седмерец, а неговиот тим успеа да ја продолжи серијата и да дојде на плус два (22-20) со голот на Мандиќ.

Кузмановиќ запиша уште една важна одбрана, не им дозволи на Унгарците да израмнат пред 58-та минута. Но, неговите соиграчи не реализираа важен напад при 26-25. На голема среќа противникот направи пробивање, Мандиќ стави печат за 27-25.

Комплетниот распоред на одигрување на завршните мечеви во Хернинг ќе биде познат вечерва по завршување на мечот меѓу Данска и Норвешка, Шведска ќе одигра ревијален дуел против Швајцарија, остана со празни раце.

ПретходноФОТО: Стефан и Бесарт имаа срдечна средба во Анталија
СледноМЗТ Скопје А. со три фуриозни четвртини за победа над Подгорица во АБА 2