ЕХФ прецизно го нацрта патот до полуфиналето во Хернинг

405

Пред почетокот на последните натпревари од главната рунда на Европското првенство, ЕХФ излезе со сите официјални сценарија кои водат до полуфинале за оние репрезентации кои имаат и намали шанси.

ГРУПА I
Данска се квалификуваше во полуфиналето

Германија: Ќе се квалификува во полуфиналето ако победи или заврши нерешено против Франција. Ќе игра натпревар за пласман 5/6 ако изгуби од Франција

Франција: Ќе се квалификува во полуфиналето ако победи против Германија.
Ќе игра натпревар за пласман 5/6 ако заврши нерешено против Германија.


ГРУПА II

Хрватска:
Се пласира во полуфиналето ако:

  • победи против Унгарија

  • одигра нерешено против Унгарија и Исланд или Шведска не победи

  • загуби од Унгарија и Исланд или Шведска загуби


Исланд:
Се пласира во полуфиналето ако:

  • победи против Словенија

  • одигра нерешено против Словенија и Шведска не победи


Шведска:
Се пласира во полуфиналето ако:

  • победи против Швајцарија и Исланд не победи

  • одигра нерешено против Швајцарија и Исланд загуби

  • победи против Швајцарија и Хрватска не победи

  • одигра нерешено против Швајцарија и Хрватска загуби


Словенија:
Се пласира во полуфиналето ако:

  • победи против Исланд и Шведска загуби


Швајцарија и Унгарија се надвор од трката за полуфиналето и за натпреварот за 5/6 место.

ПретходноСинер избори полуфинале во Мелбурн и закажа пресметка со Ѓоковиќ
СледноИван Николов е нов играч на Радник Бјелина