Исланд е полуфиналист на ЕП

232
ФОТО:facebook.com/hsi.iceland

Ракометната репрезентација на Исланд e во полуфиналето на Европскиот шампионат откако предмалку со убедливи 39:31 го совлада националниот тим на Словенија.

Исланд сега има седум бода и е лидер во групата, додека Хрватска има шест, бод повеќе од Шведска. Овие два тима допрва ќе играат денеска, а по завршувањето на денот ќе имаме појасна слика што и како понатаму.

Видарсон денеска најјефикасен кај победничкиот тим со осум гола, а погодок помалку впишаа Магнусон и Рикардсон.

Португалија пак славеше со 35-27 над Шпанија и на тој начин го остави противникот без шанси за да се бори за директен пласман на следниот Мундијал.

Браќата Кошта дадоа 13 гола, Ареиа имаше шест за португалскиот состав, додека кај Шпанија се истакнаа Гомез и Гури со по шест голови.

 

ПретходноНов пораз на Пелистер во Анталија
СледноВо Ливерпул доаѓа еден од најголемите таленти на Австрија