МЗТ Скопје А. со три фуриозни четвртини за победа над Подгорица во АБА 2

81

Македонскиот кошаркарски шампион славеше во 7. коло од натпреварите во АБА 2 лигата против екипата на Подгорица со 67:54 и успеа да се пробие до 6. место на табелата. Ова беше исклучително важен меч за нашиот првак, кој на дуелот му пристапи многу сериозно и во првиот дел од мечот покажа дека оди само на победа.

Момците на Васко Атанасов на полувреме имаа веќе убедлива предност од 34:20, која потоа во третиот период беше зголемена и на 54:33. Оваа висока предност на МЗТ Скопје А. му гарантираше победа, без разлика што гостите од почетокот на четвртиот период успеаја да направат серија поени, но не и да дојдат во поволна позиција да направат пресврт.

Танасковиќ со 14 и Војдан Стојановски со 13 поени беа најдобри поентери во составот на МЗТ Скопје, додека кај гостите се истакна Ивановиќ со 16 поени.

ПретходноЕвропа добива нов владател: Германија со лекција за Франција, Хрватска сензационално до полуфинале
СледноХрватите пресреќни, но и загрижени: „Мртви“ сме! Кој ќе плати за повредите?