Почина уште еден навивач на ПАОК: Откако дознал за трагичната вест – доживеал срцев удар

852

Уште еден навивач на ПАОК почина во болница по тешка сообраќајна несреќа во западна Романија, со што вкупниот број на жртви се искачи на осум.

Според грчките медиуми, мажот е 54-годишен маж од Лариса, кој доживеал срцев удар откако дознал дека негов близок пријател е меѓу загинатите. Трагедијата е уште поголема бидејќи несреќниот навивач требало да биде подложен на операција на срце во наредните денови, но не можел да го поднесе шокот од веста.

За потсетување, ужасната сообраќајна несреќа се случи во западна Романија, во близина на градот Лугој, на околу 80 километри од границата со Србија. Шест лица загинаa на лице место, додека друго почина на пат кон болницата.

Во несреќата се тешко повредени уште три лица, кои се во критична состојба.

Еден од навивачите има повеќекратни фрактури на ‘рбетот, скршени ребра и скршена клучна коска. Вториот претрпел фрактура на ‘рбетот и тешка повреда на главата, додека третиот бил свесен и комуникативен кога бил примен. Сè уште не е официјално потврдено кој од тројцата починал.

ПретходноЃоковиќ е искрен: Жал ми е за него, веќе бев на пат кон дома…
СледноИ Словенците го дигнаа гласот за „пеколот“ на ЕП: Ова го нема никаде, тука нешто не е во ред