Рибакина и Пегула во полуфиналето

38

Казахстанската тенисерка Елена Рибакина се пласира ноќеска во полуфиналето на Австралијан опен, откако во Мелбурн ја победи втората тенисерка во светот, полската тенисерка Ига Швионтек, со 7:5, 6:1.

Петтата тенисерка во светот до пласманот меѓу четирите најдобри на првиот гренд слем во сезоната стигна за 1 час и 35 минути.

Рибакина, финалистка на Австралијан опен од 2023 година, во полуфиналето ќе се сретне со американската тенисерка Џесика Пегула (шеста на ВТА листата), која ја победи својата сонародничка и четврта тенисерка во светот, Аманда Анисимова, со 6:2, 7:6(1).

За Пегула ова е прв пласман во полуфиналето на Австралијан опен и осма последователна победа над сонароднички на гренд слем турнирите.

Претходно, во полуфиналето обезбедија пласман и првата тенисерка во светот, Белорусинката Арина Сабаленка, и Украинката Елина Свитолина (12. на ВТА листата).

ПретходноКако германската судиска двојка се посрамоти: „По прегледот… ништо“ (ВИДЕО)
СледноФудбалери на Тотенхем имале собраќајна несреќа пред мечот со Ајнтрахт