Алкалоид е посилен за Филип Николов

270

Ракометниот клуб Алкалоид предмалку се пофали дека во своите редови го доведе досегашниот десен бек на тимот на Бутел, Филип Никилов. Овој 26. годишен ракометар, потекнува од Велес, а во својата кариера го носеше уште и дресот на екипите на РК Радовиш и РК Охрид.

Со ова РК Алкалоид добива уште едно засилување на десната бековска позиција, и го пополнува ростерот со уште еден квалитетен млад и преспективен ракометар.

Николов е со статус на младински репрезентативец, а Алкалоид со ова секако ја продолжува стратегијата на создавање на тим кој што се базира прес се на млади и талентирани ракометари со перспектива пред себе.

ПретходноМонако сака да го „избрка“ Погба
СледноПартизан со две екстра засилувања: Здјелар и Митровиќ се „црно – бели“