Женските селекции до 17 и 19 години на подготовки во Струмица

81

Селекторите на женските репрезентации до 17 и 19 години ги почнуваат подготовките на националните тимови за настап во квалификациите за Европското првенство што ќе се одржат во април.

Предводникот на селекцијата до 19 години, Кирил Изов на тренинг кампот што ќе се одржи во Струмица во периодот од први до петти февруари на располагање ќе има 23 фудбалерки.

ГОЛМАНКИ: Ангела Блажева (ЖФК Каменица Саса), Илина Кировска (ЖФК Истатов).

ОДБРАНА: Ангела Дамчова (ЖФК Тиверија Брера), Михаела Додевска (ЖФК Скопје), Андреа Алексовска (ЖФК Топ Гол), Ања Головска (ЖФК Скопје), Искра Смилевска (ЖФК Истатов), Канита Емини (ЖФК Истатов), Александра Ристевска (ЖФК Топ Гол)

СРЕДЕН РЕД: Антониа Спиркоска, Елена Симјонова (ЖФК Љуботен), Тамара Нешковска (ЖФК Конзули), Никоца Трендова (ЖФК Тиверија), Вања Ристиќ (ЖФК Речица), Теодора Настова (ЖФК Речица), Михаела Марковска (ЖФК Вардар 2023)

НАПАД: Стефанија Божинова (ЖФК Тиверија), Јована Стојановска, Ана Боризоска (ЖФК Скопје), Ане Велковска (ЖФК Скопје), Емили Митковска (ЖФК Скопје), Јована Каралиоска (ЖФК Скопје), Јована Стојанова (ЖФК Кочани).

Репрезентацијата на Македонија до 19 години е дел од елитните квалификации за учество на континенталниот шампионат што ќе се одржат во периодот од 10 до 16 април, а противници ни се Норвешка, Шкотска и Австрија.

Во исто време во Струмица ќе се одржи и тренинг кампот на репрезентацијата до 17 години, која е дел од Б лигата во квалификациите.

Селекторката Катерина Милеска исто така се реши да повика 23 фудбалерки.

ГОЛМАНКИ: Ања Стојмиловска (ЖФК Кочани), Евгенија Вељановска (ЖФК Скопје).

ОДБРАНА: Арба Мерко (ЖФК Ас Јунајтед), Лина Мицовска (ЖФК Кочани), Ихдина Речи (ЖФК Ас Јунајтед), Ема Нановска (ЖФК Истатов), Емилија Ивковиќ (ЖФК Скопје), Блехана Алиеска (ЖФК Скопје), Бесарта Фида (ЖФК Скопје).

СРЕДЕН РЕД: Тамара Лазеска (ЖФК Ас Јунајтед), Ања Каранфилоска (ЖФК Истатов), Душица Лазареска (ЖФК Цевитана), Елена Мацевска (ЖФК Ас Јунајтед), Елиза Ибраими (WFC  Ceder Stars Bergen), Софија Величковска (ЖФК Речица)

НАПАД: Елена Наумоска (ЖФК Скопје), Јана Милошевска (ЖФК Скопје), Христина Јовановска (ЖФК Каменица), Розита Пецева (ЖФК Тиверија), Ана Марија Велевачкоска (ЖФК Цевитана), Лана Спасовска (ЖФК Речица), Лаила Бала (WFC Luzern).

Македонската репрезентација е домаќин на турнирот што ќе се одржи во Струмица во периодот од 28 февруари до шести март, а во конкуренција се националните тимови на Северна Ирска, Луксембург и Грузија.

ПретходноВардар минимално поразен на контролниот натпревар со Ахмат Грозни
СледноКејн: Баерн ги имаше најтешките противници во ЛШ