Мато: Овде се чувствувам како дома (ВИДЕО)

487

Касим Роџерс Мато, сега веќе екс играчот на Вардар од денеска и официјално е дел од тимот на Хартс. Шкотскиот премиерлигаш го претстави својот нов напаѓач, и има серија на објави поврзани со него.
Секако, тука е и официјалната изјава на Мато за клупскиот сајт на Хартс, во која тој вели дека и по само еден одработен тренинг со неговите нови соиграчи се чувствува како дома.

„Секако дека е задоволство да се биде тука. Ми се оствари сонот кога потпишав за Хартс. Сите се гостопримливи тука, и се чувствувам како дома. Визијата која што спортскито директор на клубот ја има за Хартс, е иста која што јас ја имам за фудбалот. Се радувам и на настапите за клубот пред навивачите. Имав разговори со моите соиграчи од репрезенатцијата кои биле дел од шкотскиот фудбал ми кажаа се најдобро“ – изјави Мато за клупскиот сајт.

ПретходноСилекс загуби на пријателскиот дуел со Согдиана
СледноСелекторот на Сенегал казнет со 100.000 долари за инцидентите во финалето против Мароко