Општина Гостивар одобри шест милиони денари за ФК Арсими

139

Предмалку македонскиот фудбалски прволигаш, тимот на Арсими од Чегране објави дека добива финансиска поддршка од страна на општина Гостивар во вредност од шест милиони денари.

Во соопштението се вели дека ова е најголема финансиска помош која што клубот некогаш ја добил од некоја институција, и дека од ФК Арсими се воодушевени од потегот на градските власти во Гостивар.

Во оваа прилика клубот им се заблагодарува на сите советници од повеќе националности кои што гласале за одобрување на оваа финансиска помош и дека ќе направат се со неа ФК Арсими да ги постигне целите кои што сезонава ги има зацртано.

ПретходноПартизан со две екстра засилувања: Здјелар и Митровиќ се „црно – бели“
СледноЛазаров: Имаме само уште една недела до стартот, работиме на техничко тактичка подготовка