По само два месеци: Крманчиќ заминува од ГРК Охрид

264

По само два месеци во дресот на Охрид, Младен Крсманчиќ, заминува од редовите на охриѓани. Според информациите на српските медиуми, Крсманчиќ се враќа во Србија и ќе го облече дресот на Војводина.

Искусниот среден бек со Охрид имаше договор до крајот на сезоната, но очигледно предвреме ќе ја заврши соработката.

Српскиот тим оваа зима остана без двајца централни бекови, па токму искусниот Крсманчиќ треба да биде една од алтернативите за нив.

ПретходноАрбелоа повторно вината ја зема на себе: Јас сум одговорен за поразот
СледноВардар минимално поразен на контролниот натпревар со Ахмат Грозни