Голманот на Бенфика, Анатолиј Трубин, ги сподели своите емоции по постигнувањето гол против Реал Мадрид (4:2) во натпреварот од групната фаза на Лигата на шампионите кој за Бенфика беше виза за плеј-офот во најсилното европско натпреварување. Тој постигна гол во осмата минута од судиското продолжение, а по мечот откри дека навистина не знаел дека со гол Бенфика ќе обезбеди пласман во следната рунда од ЛШ.
„Не знаев што ни требаше. Томас Араухо и Антонио Силва викаа: „Еден, еден“. А јас си реков: Што? Но, потоа ги видов сите како ми велат дека треба да одам напред. Му обрнав внимание на тренерот, па тргнав напред, влегов во шеснаесетникот и не знам… не знам што да кажам. Беше луд момент. Не сум навикнат да постигнувам голови. Имам 24 години и успеав да го направам тоа за првпат. Неверојатно“, рече Анатолиј Трубин.










