Французин, екс – фудбалер на Силекс, е ново име во редовите на Работнички! (ФОТО)

251
ФОТО:facebook.com/fcrabotnicki

Шарл Аколатсе (30) од Франција е најновото име во редовите на Работнички кој и тоа како е во офанзива во зимскиот преоден рок. Станува збор за играч од средниот ред кој има и државјнство на Того од каде е по потекло, но е роден во Париз.

Досега играл во неколку непознати клубови во Франција, Романија, Литванија, а интересно е тоа што во 2019 една недела се води како играч на Силекс.

Според Трансфермаркт неговата цена е 100.000 евра.

Работнички со него потпиша едногодишен договор.

ПретходноЃорческа поразена во второто коло во Порто!
СледноВардар посилен за Николов и Торес!