Ѓорѓиев за првпат со бројот 21 и обезбеди четвртфинале во Купот на ЦЕВ

46

Капитенот на македонската одбојкарска репрезентација Никола Ѓоргиев синоќа со својот нов клуб, чешки Карловарско, успешно го мина грчки Олимпијакос на патот до четвртфиналето во Купот на ЦЕВ. Ѓорѓиев со новиот тим славеше над Олимпијакос со 3:2 и по победата од 3:1 на првиот меч во грција, чешкиот тим оди меѓу осумте најдобри во ова натпреварување.

Ѓорѓиев и официјално го задолжи дресот со број 21 во новиот клуб.

„За првпат во мојата интернационална кариера ќе играм со бројот 21. Тоа е за моите 21 година интернационална кариера и за мојата ќерка Викторија која е родена 2021 година“, ни рече Ѓорѓиев, по вчерашниот триумф во Купот на ЦЕВ во кој тој успеа да реализира два поени.

Во четвртфиналето Карловарско за противник го доби белгиски Мазеик.

ПретходноКејн: Баерн ги имаше најтешките противници во ЛШ
СледноЛиваковиќ ќе брани во Динамо бесплатно