Фудбалерите на Вардар претрпеа и трет пораз на подготвителните натпревари во Сиде, Турција. Утрово во четвртиот контролен натпревар, есенскиот шампион загуби минимално со 1:0 од екипата на Ахмат Грозни од Русија.
Единствениот гол на мечот беше постигнат во 26. минута и тоа со удар од белата точка. Стрелец на победничкиот гол за рускиот тим беше Мелкадзе.
Во редовите на Ахмат настапи и довчерашниот фудбалер на Шкендија, Цаке.















