Бобан Николов и Хоакин Торес се новите засолувања во таборот на Вардар. Со ова и тоа како есенскиот првак осетно ќе го засили својот ростер во пресрет на стартот на пролетниот дел од сезоната во кој Вардар атакува на титулата.
Николов е некошен репрезентативец и досегашен член на Фарул Констанца, беше член на Вардар во златните времиња кога овој тим играше во групната фаза во ЛЕ.
Торес е Аргентинец и секако дека и тоа како добро ќе му дојде на стратегот Гоце Седлоски во ростерот на тимот.
“Боби Николов од среда се приклучува на клубот. Утре зема раскин на договор, и патува за Скопје. Торес утре патува за Скопје, во понеделник ќе е со нас. Во петок идниот доаѓаат сопругата која е адвокат и менаџер“ изјава првиот човек на Вардар, Миленко Неделковски.















