Кејн: Баерн ги имаше најтешките противници во ЛШ

46

Напаѓачот на Баерн Минхен, Хари Кејн, вели дека германскиот првак го имаше најтешкиот распоред на натпревари во лигашкиот дел од Лигата на шампионите, а пласманот во осминафиналето е уште поголем успех гледајќи го тој факт.

Баерн победи во седум од осумте натпревари, губејќи само од Арсенал, и се пласираше во осминафиналето на второто место со 21 бод.

„Седум победи во осум натпревари само покажуваат каков тим сме. Веројатно ја имавме најтешката група од сите. Имавме многу тешки натпревари – на гости против ПСЖ, на гости против Арсенал, дома против Челзи. Мораше да го надминеме овој тежок пат. Затоа, пофалби за сите вклучени за тоа како се справивме со секој натпревар“, рече Кејн по синоќешната победа на гостувањето кај ПСВ.

ПретходноЖенските селекции до 17 и 19 години на подготовки во Струмица
СледноЃорѓиев за првпат со бројот 21 и обезбеди четвртфинале во Купот на ЦЕВ