ЛЕ: Миовски и Ренџерс со убедлив пораз на “Драгао“, само реми во Белград! Познати се можните двојки за 1/16 финалето! (ФОТО)

76
ФОТО:facebook.com/crvenazvezdafk

Вечерва со сите 18 мечеви од 8.коло заврши лигашката фаза во Лигата на Европа. Познати се сите екипи кои се пласираа во плеј – офот.

Инаку Бојан Миовски влезе во игра во 58.минута за својот Глазгов Ренџерс, но на крајот неговиот тим беше убедливо поразен од Порто на “Драгао“ со 3:1, инаку гостите поведоа со 0:1, по што дојде до пресврт.

Шкотите и онака ги загубија сите шанси да бидат меѓу оние кои изборија пласман во плеј – офот уште пред овој меч.

Супер интересно беше на “Маракана“ во Белград каде со победа на Ц. Звезда над Селта, српскиот шампион ќе беше меѓу ТОП-8 екипи и пласман во осминафиналето.

Сепак на крајот беше 1:1, па така “црвено – белите“ ќе мора да играат во 1/16 финалето.

Динамо Загреб беше поразен од Митјиланд со 2:0 како гостин, но сепак успеа да заврши на 23. место и да се пласира во 1/16 финалето.

Лион, Астон Вила, Митјиланд, Бетис, Порто, Брага, Фрајбург и Рома се квалификуваа директно во осминафиналето.

Во плејофот ќе го играат: Генк, Болоња, Штутгарт, Ференцварош, Нотингем Форест, Викторија Плзен, Црвена Звезда, Селта Виго, ПАОК, Лил, Фенербахче, Панатинаикос, Селтик, Лудогорец, Динамо и Бран. Секој од клубовите во плејофот има два потенцијални противници според принципот дека 9-тиот и 10-тиот тим се можни противници на 23-та и 24-та позиција, додека тимовите на 11-та и 12-та позиција можат да играат против оние рангирани на 21-во и 22-ро место и така натаму. Потенцијални парови за плејофот:
Генк / Болоња – Динамо / Бран
Штутгарт / Ференцварош – Селтик / Лудогорец
Нотингем Форест / Викторија Плзен – Фенербахче / Панатинаикос
Црвена Звезда / Селта Виго – ПАОК / Лил

Ждрепката е закажана за утре во 13 часот во Нион.

Ова се сите резултати од вечерашните мечеви:

ПретходноЈамал е бр.1 меѓу тинејџерите во ЛШ