Уште еден одличен настап на нашиот најдобар кошаркар, Ненад Димитријевиќ во Евролигата. Уште еднаш се покажа дека Македонецот е големото засилување за тимот на Светислав Пешиќ. Вечерва во меч од 25.коло, триумф на Нено и “баварците“ со 64:79 и тоа како гости против Хапоел. Колку за потсетување, до ова коло тимот од Израел беше водечки на табелата.
Македонскиот кошаркар на овој меч и тоа како одигра одлично. Забележа 11 поени, и по еден скок и една асистенција за 18 минути колку што беше во игра.
Претходно Фенербахче со 79:62 беше подобар од составот на Ефес.










