Работнички завери две засилувања!

226

Екипата на Работнички во продолжение на сезоната ќе биде посилна за две имиња.

Александар Костоски кој веќе го најавивме во декември ќе го облече „црвено-белиот“ дрес, тој доаѓа како слободен играч. Последен тим за кого настапуваше беше Пелистер. Додека во Работнички настапуваше многу одамна, на почетоците на неговата кариера, од 2006 до 2007 година.

Второто засилување е Младен Грушановиќ на кого му е познато македонското првенство. Тој претходно настапуваше во Гостивар, е настапува на позицијата крилен центар.

Грушановиќ е поранешен младински репрезентативец на Србија, има и искуство во АБА-2 лигата, беше дел од тимот на Ловќен.

Во следното коло Работнички е домаќин на ТФТ во салата „Независна Македонија“.

Претходно“БУМ“: Унаи Емери добил повик од Реал Мадрид?!
СледноШок за “сините“: Челзи поради правило на УЕФА ќе мора да игра надвор од Лондон во 1/8 финалето во ЛШ?!