Познат е двоецот на тенисерки кои што ќе се игра во финалето на првиот Гренд Слем сезонава, популарниот Австралија Опен. Денеска беа одиграни двете полуфинални средби, а во првата Арин Сабаленка ја победи Свитолина од Украина со 2:0 по сетови, 6:2, 6:3.
Првиот рекет на светот во женска конкуренција немаше преголеми проблеми на овој меч, и рутински дојде до посакуваното финале.
Од друга страна пак Елена Рибакина од Казахстан во второто полуфинале, беше подобра од американката Џесика Пегула исто така со 0:2, по сетови 6:3, и 7:6 (7:9).
Финалето е закажано за 31.01.2026










