Африканската фудбалска асоцијација ги објави казните по повод финалето на Африканскиот куп помеѓу Сенегал и Мароко и хаосот кој што се случуваше на овој дуел.
Како што е добро познато во последните секунди на регуларниот дел главнито судија досуди пенал за Мароко, инаку домаќин на турнирот, по што Сенегал на иницијатива на селекторот Пап Тиау најпрво го напушти теренот па по речиси половина час натегање, сенегалците се вратија. Мароко го промаши пеналот, мечот замина во продолженија за да Сенегал на крајот постигне гол и победи.
Сега, селекторот на Сенегал е казнет со 100.000 долари, и пет меча суспензија.
Санкциите не застанаа тука. Двајца од напаѓачите на Сенегал кои играат во англиската Премиер лигата, Илиман Ндијаје од Евертон и Исмаила Сар од Кристал Палас се суспендирани со по два натпревари на турнирите на CAF поради неспортско однесување кон судијата.
Кај Мароко, напаѓачот Исмаел Саибари од ПСВ е суспендиран на три натпревари. Капитенот на репрезентацијата, Ашраф Хакими нема да може да ја претставува својата земја на два меѓународни натпревари во Африка.
Конечно, Сенегалската фудбалска федерација беше казнета со огромни 615.000 долари (515.000 евра) за разни прекршоци, додека Кралската мароканска фудбалска федерација (FRMF) ќе мора да плати 200.000 долари (167.000 евра) за несоодветното однесување на своите играчи на балот.










